Search

(Видео) Расте бројот на мртви од големите поплави во Индонезија

Најмалку 73 лица загинаа, а 60 се водат за исчезнати во поплавите што ја погодија источната индонезиска провинција Папуу.

Спасувачките екипи се обидуваат да допрат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртви ќе расте, пренесе „Би-би-си“.

Поради свчелиштето и откорнатите дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и повеќе од 100 куќи.

Повеќе од 4.000 лица се приморани да ги напуштат своите домови. Според зборовите на жителите, обилниот дожд почнал да паѓа во саботата вечерта и цела ноќ не престанало да врне.

Потрагата по жртви продолжи и во местото Сентани, кое е едно од најтешко погодените.

Треба да знаете
Последни објави