Search

(Видео) Рапер ги скрши нозете скокајќи од надвозник на вагон

 

Јован Црновиќ, попознат како Џибри Бел, ги скрши двете нозе при скок од надвозник на вагон. Како што се гледа на видеото објавено на инстаграм-профилот на „Black Serbs“, момчето скокна од надвозник на вагон, а од возот паѓа на земја.

Во тој момент, Бел ги крши двете нозе.

По ова, на видеото се гледа како црномурниот рапер на чист српски јазик кажува неколку пцости, додекa седи во количка во болница.

Според информациите од српски „Телеграф“, „Black Serbs“ треба да настапат на овогодишниот фестивал „Exit“ на 6 јули, но останува отворено прашањето дали до тогаш Бел ќе закрепне.

Американскиот хип-хоп бенд „Black Serbs“ е составен од петмина Американци, од кој едниот е Дејвид Бркљач, по потекло од Србија.

Треба да знаете
Последни објави