Search

(Видео) Полицаец застрела бремена жена во САД

На социјалните мрежи се појави видео од трагична пресметка меѓу полицаец и 45-годишна жена која смртно настрада. Инцидентот се случил синоќа во градот Бејтаун во Тексас.

На снимката се гледа како жената и полицаецот се борат, а жената се противи додека полицаецот се обидува да ја уапси. Таа му вели на полицаецот да ја пушти бидејќи е бремена по што се слушаат истрели.

Полицаецот испука неколку куршуми во жената, од кои еден бил смртоносен. По објавата на видеото на социјалните мрежи, се огласила и локалната полиција.

„Сè уште е рано да се каже што и да било, но истрагата засега покажа дека еден наш искусен полицаец патролирал низ населбата на патот Гарт кога му пришла една 45-годишна жена, која ја познавал од претходно и знаел дека против неа имаме отворено налог за апсење. Полицаецот се обидел ѝ стави лисици, но таа му го зела електрошокерот и го употрбила на нашиот службеник. Поради тоа, тој бил принуден да употреби службено оружје и испукал неколку куршуми, од кои најмалку еден ја погодил жената“, објаснил шефот на полицијата, Стив Дорис.

Иако во полицијата ја оправдуваат неговата постапка, многумина сметаат дека реакцијата на полицаецот била непотребна и дека треба да биде казнет поради она што го сторил.

Треба да знаете
Последни објави