Search

(Видео) Пожар во објект на „Хуавеј“, огнот избувнал во близина на центарот за развој на 5Г-мрежата

Голем пожар избувна во објект на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во градот Донггуан, во близина на лабораторијата за истражување и развој на 5Г и 4Г-антените.

Огнот е изгаснат и нема повредени лица.

Како што јавија властите, пожарот ја зафатил челичната конструкција во изградба, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое се гледа голем облак од темносив чад, кој се издига над лабораторијата.
Причината за пожарот не е позната, но според локалните пожарникари, најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот бргу се проширил.

Треба да знаете
Последни објави