Search

(Видео) Повторно снимена ајкула во морето кај Макарска

Патници од туристички брод повторно имаа блиска средба со ајкула кај Макарска.

На видеото објавено на фејсбук-страницата CRO2go може да се види како ајкулата му се приближува на туристичкот брод, плива покрај него, а потоа се оддалечува, пренесе „Далмација денес“.

Пред неколку дена беше забележана ајкула покрај брегот на Макарска, а потоа туристи ја виделе и во каналот кај Корчула. Станува збор за иста ајкула, која има видлива лузна покрај горната пераја.

Според соработникот на Институтот за океанографија и рибарство во Сплит, Перо Угарковиќ, станува збор за вид ајкула познат како мако, којa може да биде опасна за луѓето.

„На Медитеранот не се забележани напади во случај кога ајкулите не се провоцирани, а во тропските предели има такви инциденти. Сепак, нивниот број е мал. Повеќето од нападите се провоцирани, како, на пример, кога ајкула ќе се улови на јадица, па на тој начин ја снимаат под површината на морето“, вели Угарковиќ.

https://www.facebook.com/cro2go/videos/831175687254539/?t=0

Треба да знаете
Последни објави