Search

(Видео) Пендаровски: Ќе почувствуваме благодет од договорите со соседите, подготвен сум да ги предводам тие процеси

Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски при неговата посета на Охрид, притоа истакнувајќи дека овој град отсекогаш бил духовен, цивилизациски и историски центар на Балканот.

„Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години“, истакна Пендаровски.

Кажа и дека во изминатите две години практично биле затворени сите отворени прашања со соседите.

„Сега доаѓа период кога граѓаните на Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени. Започнува интензивно инфраструктурно поврзување со сите соседи, започнува интензивирање на економските и трговските односи со сите нив“, посочи тој, додавајќи дека како иден претседател има намера да ги предводи таквите процеси.

„Помина времето кога Северна Македонија беше земја во која никој не доаѓаше, а нас никаде не нѐ канеа“, истакна Пендаровски кој кажа дека денеска сме пример за поширокиот регион.

Треба да знаете
Последни објави