Search

(ВИДЕО) Пендаровски: Поминавме низ турбуленции, време е за помирување

Политичката поделба во земјава е огромна, оцени кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Тој пред битолчани денеска изјави дека ќе се фокусира на решавањето на овој проблем, со иницирање на процеси кои ќе доведат до заздравување на раните.

„Знаеме дека поминавме низ сериозни турбуленции и процеси на промена на името на државата, како и долг процес на уставни промени кој е уникатен за нас и за многу други држави во светот. Излегоа многу лоши емоции, многу лоши зборови паднаа, не само во Парламентот, туку и меѓу обичните луѓе, па навистина мислам дека ова треба да биде еден симбол, ден кога навистина ќе почнеме да се помируваме меѓусебе“, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател додаде дека е невозможно да се постигне помирување во сѐ, но уверен е оти постојат точки за кои е можно да се пронајде заеднички јазик. Според Пендаровски, важно е сите да се фокусираат на тоа дека Македонија мора да остане во овие граници, да биде демократска, функционална демократија и да биде членка на Евроатланските сојузи.

Треба да знаете
Последни објави