Search

(Видео) Објавена снимка од ликвидацијата на напаѓачот на Лондонскиот мост

Британската полиција објави дека инцидентот кој денеска се случи на Лондонскиот мост го третира како тероризам, а мостот е затворен за сообраќај.

Еден од сведоците на нападот го снимил моментот кога напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата.

Како што информираат светските медиуми, нападот бил извршен со нож, а во него повредени се повеќе лица.

Новинар на Би-би-си соопшти дека луѓето биле итно отстранети од областа, а евакуирани биле и ресторани и продавници во близина на мостот.

Треба да знаете
Последни објави