Search

Видео обраќање на Заев: Ова е историски ден за Македонија!

Видео обраќање на Премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев пред почетокот на НАТО самитот  пред новинарите рече дека ова е историски ден за Македонија и најави за во сабота прослава во 15 градови низ Македонија.

Заев додаде дека македонските граѓани се најголемите поддржувачи на членството во НАТО и Европската унија.

-Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави