Search

(Видео) Нов биланс: Низ водопадот во Тајланд паднале единаесет слонови

Уште пет слона загинале во Тајланд при пад од врвот на водопадот обидувајќи се да ги спасат младенчињата, со што бројот на загинати животни се искачи на 11, покажаа воздушните снимки.

Падот од карпата висока 200 метри го преживеале само два слона, пренесува „Ројтерс“.

Властите велат дека инцидентот се случил откако младенчето се лизнало и паднало низ водопадот во паркот „Као Јаи“ во јужниот дел на Тајланд.

Сличен инцидент се случил во 1992 година кога настрадале осум слона.

Во националните паркови во Тајланд живеат меѓу 3.500 и 3.700 диви слонови.

Треба да знаете
Последни објави