Search

(Видео) Новинар на Си-ен-ен лажираше фотографија од Венецуела, но набрзо беше разоткриен

Новинарот на Си-ен-ен, Џејк Тапер, се најде на удар на критики на јавноста, кога својот твит за нередите во Венецуела го илустрираше со фотографија од луѓе во униформи кои пукаат.

„Си-ен-ен известува во живо од Венецуела, додека трупите на Мадуро пукаат на народот на улиците“ напиша Тапер на Твитер, а приложениот линк води до снимка од дезертер кој се бори на страната на оние кои протестираат.

Според АФП, се работи за војниците на Националната гарда, кои пребегале на страната на опозицијата. Тие се препознатливи по сините траки врзани околу рацете и тоа корисниците на Твитер веднаш го забележале.

Треба да знаете
Последни објави