Search

(Видео) Новата средба на Леброн и Стјуарт мина мирно

Лос Анџелес Лејкерс ја запиша 11. победа во 22 сезонски натпревар од најсилната кошаркарска НБА лига и тоа против Детроит Пистонс кого го совлада на домашен терен со 110-106. Дуелот кој беше повторна средба на Леброн Џејмс и Ajзија Стјуарт беше неизвесен, а на крајот се радуваше домаќинот во „Стејпл Центарот“.

Јавноста со нетрпение го очекуваше овој меч поради Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт кои имаа блиска средба на минатата пресметка, а центарот заврши со раскрварено лице. Поради ова двајцата заработија казни од НБА лигата, но рано утрово се мина без проблеми, беше мирно и немаше никаков инцидент со тоа што мора да се напомене дека Ајзеа беше исвиркуван од навивачите на домаќинот.
 Леброн Џејмс беше најдобар кај победничкиот тим со 33 поени, Расел Вестбрук постигна 25, додека Ентони Дејвис реализираше 24 поени со 10 скока. Џерами Грант со 32 поени најмногу се истакна кај Пистонс.
Голден стејт предводен од Стеф Кари моментно е најдобрата екипа во НБА лигата. Имаат седум победи по ред и најдобар биланс во НБА од 18-2. Бекот Кари постигна 33 поени во победата од 105:90 против Лос Анџелес клиперс и прв стаса до 100 тројки по само 20 одиграни натпревари, или во просек има по пет тројки на натпревар. Кари постигна 7 тројки од 13 обиди против Клиперс и во три сезони, оваа, и во 2015/16 и 2018/19 прв ја надминуваше границата 100 постигнати тројки.  Клиперс играат без првата ѕвезда Кавај Ленард од почетокот на сезоната и сега се на петтото место во Западната конференција со учинок 11-9.

Во серија од 7 победи како Голден стејт е и шампионот Милвоки кој ја совлада Индијана (118:110).

Мемфис гризлис беа убедливи против Сакраменто (128:101) и без најдобриот кошаркар, Џа Морант, кој се повреди на претходниот меч.

Бостон го совлада Торонто репторс (109:97) на гостински терен.

Треба да знаете
Последни објави