Search

(Видео) Николовски: Ќе ја следиме секојa мерка и секој проект на градоначалниците

Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните затоа денеска ќе го промовираме и системот и начинот како тоа ние ќе се свртиме кон потребите на граѓаните, особено во делот на системското решение преку кое ќе ја следиме реализацијата на програмите на градоначалниците, на она што сме го ветиле пред граѓаните, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, од Централниот одбор во Охрид.

„Ќе ја следиме секоја една мерка, секоја политика и секој проект за текот на неговата реализација преку една веб апликација на СДСМ, но тоа ќе го работиме со партиско –владината комбинација односно реализацијата на програмата Планот за Живот и она што е наше ветување исто така пред граѓаните“, рече тој.

Николовски појасни дека тоа ќе се прави на системски поставен начин и дека ќе има силна контрола и унифицирано делување на сите кадровски потенцијали. Тој најави дека партијата многу почесто централните одбори ќе ги одржува надвор од Скопје и дека ќе ја засили работата на извршниот одбор кој ќе одржува седници секоја недела.

„Ќе го ажурираме месечниот календар на активности што подразбира точно, секојдневно кои се обврските на министрите, градоначалниците, претседателите на советите, членовите на нашите советнички групи и сите функционери, пратениците, буквално имаме детален месечен распоред на активности до кој сите ќе се држат, вклучувајќи од претседателот и премиерот до сите функционери односно ќе ја засилиме и неколку пати зголемиме нашата активност и тоа доаѓа во време во коешто имаме лето пред нас. Но до летните одмори овој систем ќе биде изграден и структурно поставен, ќе се почитува редот и дисциплината, ќе се бара одговорност од сите, се со цел да со сите сили се насочиме кон релизација на политиките коишто се во интерес на граѓаните“, рече Николовски.

Треба да знаете
Последни објави