Search

(Видео) Нетанјаху алудира на нова инвазија на Појасот Газа по ноќта со прекуграничен оган

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија може да почне нова офанзива на Појасот Газа како одговор на ракетните напади на нејзината територија кои се интензивираа во понеделникот, предизвикувајќи огромен одмазднички напад од Израел,пренесува РТ.

Нетанјаху, кој требаше да зборува на Конференцијата за политички прашања на Американско- израелски комитет за односи со јавноста (АИПАК) во вторникот, рано ја заврши својата посета на Вашингтон поради извештаите за ракетниот напад врз Израел од територијата на Појасот Газа контролирана од Хамас.

Качувајќи се на авионот за Израел во понеделникот, Нетанјануприкриено се закани со целосна инвазија на Појасот Газа.

„Дадовме многу силен одговор и Хамас треба да знае дека нема да се двоумиме да влеземе и да ги преземеме сите неопходни чекори”, рече тој.

Седум лица биле повредени откако една од ракетите удрила во куќа северно од Тел Авив во понеделникот наутро.

Израел почна одмазнички напади врз, како што се тврди, елементи од инфраструктурата на Хамас во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја уништиле канцеларијата на лидерот на групата, Исмаил Ханије, како и наводното седиште на военото разузнавање и на службите за внатрешна безбедност.

Двете страни продолжија да разменуваат оган во текот на денот и ноќта. ИДФ, кој го обвини Хамас за нападот, во понеделникот вечерта изјави дека палестинските милитанти го таргетирале јужниот дел на Израел со десетици ракети.

Според портпаролот на ИДФ, палестинските милитанти истрелале околу 30 ракети кон Израел по 22 часот, токму кога требаше да стапи на сила прекинот на огнот што го договори Египет. Дел од проектилите, наводно, паднале во ненаселени области. Не се пријавени жртви.

Израел не го коментираше примирјето постигнато, наводно, со посредство на Египет претходно истиот ден, додека портпаролот на Хамас го потврди договорот во изјавата.

Во текот на ноќта, израелската војска соопшти дека таргетирала уште 15 цели во северниот дел на Појасот Газа, што ги опиша како засолништа на разни милитантни групи, вклучувајќи ги и милитантите на тврдокорниот Исламски џихад во градот Беит Лахија, објави „Хаарец“.

Во меѓувреме, палестинските медиуми информира дека израелските напади биле насочени кон неколку станбени области, предизвикувајќи пожар во џамијата во Беит Ханун.

Засилувањети на насилството ги врати стравувањата од нова, голема војна во Појасот Газа која се заканува на помалку од две недели пред парламентарните избори во Израел. Портпаролката на израелската армија, Мика Лифшиц, во понеделникот рече дека Израел ќе размести две оклопни и пешадиски бригади на фронтот во Појасот Газа и повика резервни војници.

Последен пат кога израелската војска го нападна Појасот Газа беше во јули 2014 година, кога Тел Авив го обвини Хамас за киднапирање и убиство на тројца израелски студенти пронајдени убиени на Западниот Брег. Седумнеделниот упад резултираше со повеќе жртви меѓу Палестинците. Според различни проценки, биле убиени повеќе од 2.100 Палестинци и 71 Израелци . Илјадници Палестинци беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави