Search

(Видео) Нелоска: Дали Венко Филипче воведува вонредна состојба на Клиничкиот центар?

(Видео) Нелоска: Дали Венко Филипче воведува вонредна состојба на Клиничкиот центар?

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти, обвини Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”. И додека ова се случува, министерот за здравство бара помош за обезбедување на јавните здравствени установи од министерството за внатрешни работи и министерството за одбарана“, рече таа.

Таа прашува дали министерот за здравство воведува вонредна состојба на Клиничкиот центар?

„Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година“, рече таа.

Министерот за здравство, додаде Нелоска, сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.
Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал.

Треба да знаете
Последни објави