Search

(Видео) Неколку повредени во експлозии во депо за муниција на Кипар

Повеќе експлозии  потресоа едно депо за оружје на северниот брег на Кипар, при што беа повредени неколку лица додека огромен пожар го уништува објектот, пренесува РТ.

Изутринава избувнал пожар кај депото во градот Киренија, контролиран од самопрогласената Турска Република Северен Кипар. Видеата што се појавија на интернет покажуваат пожар, додека во позадина може да се слушне звук на хеликоптери и сирени за итни случаи.

Министерот за надворешни работи на кипарските Турци, Кудрет Озерсај, на Фејсбук напиша дека пожарот го зафатил депото лоцирано во „воена зона“ и има извештаи за повеќекратни експлозии низ објектот.

Неколку лица се здобиле со полесни повреди од распрснатото стакло во првата експлозија. Областа околу депото била затворена, електрична енергија исклучена, а блиското село било евакуирано како мерка на претпазливост.

Озерсај напиша дека спречено било ширење на пожарот, но дека тој продолжува да ја голта зградата однатре. Нема пријавени загинати.

Треба да знаете
Последни објави