Search

(Видео) Насилни судири на големиот протест за поддршка на Асанж во главниот град на Еквадор

Интервентната полиција нападна голем број луѓе што ги преплавија улиците на главниот град на Еквадор, Кито, и го нарекоа нивниот претседател Ленин Морено „предавник”, пренесува РТ.

Демонстрантите протестираа поради одлуката Еквадор да ѝ го предаде Џулијан Асанж на Велика Британија.

Масовниот протест во Кито се одржа за да се изрази вознемиреноста поради улогата на Еквадор во организирањето на апсењето на Асанж минатата недела во Лондон. Ситуацијата стана потензична кога полицијата – со тешка опрема за немири – се судри со демонстрантите, користејќи палки за да ги избрка од улиците.

Видеото објавено од „Раптли” покажува дека некои демонстранти биле тепани и соборени на земја во текот на протестот.

Луѓето што дојдоа на митингот беа гневни од одлуката на Морено да му го одземе политичкиот азил на Асанж, што му помогна да го избегне апсењето речиси седум години.

„Оди си предавнику, заминувај! Те гласавме за да управуваш со нас, а не за да нè продадеш на САД. Одвратен предавник!”, извикува еден демонстрант во видеото.

Треба да знаете
Последни објави