Search

(Видео) Надал се расплака како мало дете на УС опен

Рафаел Надал самиот призна дека финалето против Данил Медведев на Ју-Ес Опен било едно од најемотивните во неговата кариера. До својот четврти трофеј во Њујорк, Шпанецот стигна со победата над Русинот, Данил Медведев во мечот кој траеше безмалку 5 часа, а во кој беа одиграни малсимални пет сета. Надал ги доби првиот, третиот и решавачкиот пети сет со идентични 7-5, додека вториот и четвртиот му припаднаа на Русинот со 6-3 и 6-4.

Со овој триумф Надал стигна до својата 19-та титула од Гренд-слем турнирите и е на една помалку од најуспешниот во историјата Роџер Федерер кој има 20-трофеи. Трет на листата е Новак Ѓоковиќ со 16 трофеи на турнирите од „големата четворка“.

По победата, на големиот екран на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк одеа инсерти од неговите 19 грен слем трофеи, а шпанскиот тенисер не можеше да ги задржи солзите.

„На некој начин е добро што можам да ги видам сите овие работни низ кои минав. Да сум сè уште тука е навистина нешто специјално за мене“, рече Надал по мечот.

 

Треба да знаете
Последни објави