Search

(ВИДЕО): Морина пречекан со тапани и песни на Косово

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој македонските власти не го испорачаа на Белград по потерница од Србија, дочекан е синоќа во својата родна Ѓаково како херој, пишува приштински Газета Експрес.

Весникот пренесува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.

Друштвените мрежи се преплавени со фотографии кои го следат Морина од излегувањето од затворот до пристигнувањето во Ѓаково.

Претставниците на политичките партии во Приштина го поздравија ослободувањето на Морина.

Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави