Search

(Видео) Млад автомеханичар од прилепско иновираше теренско возило за чистење снег

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со деветнаесетгодишниот Христијан Котески, млад автомеханичар од прилепското село Борино, кој со сопствен труд и средства успеал да направи теренско возило за чистење снег.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, тој му честитал на младиот Христијан за успешниот иновативен потфат и разговарал со него за процесот на креирање на возилото.

Со оглед на тоа што станува збор за лице кое нема постојан работен ангажман, вицепремиерот укажал на некои од можностите кои им се достапни на младите иновативни лица, како што се грантовите за самовработување преку Агенцијата за вработување со кои се дава неповратна финансиска поддршка од 5.000 евра, пари кои би можело да се искористат за регистрирање на фирма и опремување на механичарска работилница.

Подоцна, со развојот на компанијата, Анѓушев објаснил, дека се нудат можности и за аплицирање на инструментите за поддршка на мали и средни претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој и се овозможува поддршка во форма на поврат до 30% од инвестирани средства за технолошки развој на компаниите.

Треба да знаете
Последни објави