Search

(Видео) Мисајловски: Локалната самоуправа во Свети Николе не работи ништо, исто како Владата

Денеска дојдовме тука во Свети Николе да видиме дали има капитални проекти, но за жал може да ја видиме истата слика насекаде во Република Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, при посетата на овој град.

Тој кажа дека за Свети Николе била ветена целосна гасификација, дека ќе се поврзат сите јавни установи со гасификацијата, но како што посочи, на терен може да се види дека апсолутно ништо не се работи.

„Во Свети Николе нема капитални инвестиции иако се ветуваа градинки, се ветуваа спортски сали, се ветуваа многу проекти за цело Свети Николе. Но исто како Владата, така и локалната самоуправа апсолутно не прави ништо. Дефинитивно оваа Влада ќе биде запаметена како најнеспособната Владата во Република Македонија. Но своите пипци Владата ги пуштила и во локалната самоуправа. Може да видиме дека апсолутно нема ниту еден проект, слушаме дека постојано нешто ќе се направи, но за жал на терен нема ништо“, кажа потпретседателот на опозициската партија.

Мисајловски истакна дека капиталните инвестиции во Македонија се на мизерно ниво.

„СДСМ е Влада која многу ветува, а ништо не прави. Ние мора да го кажеме својот глас, да го подигнеме својот глас и народот да не слушне дека ние како ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го ветиме навистина ќе го исполниме, а не како оваа власт постојано само да лаже“, рече тој во обраќањето.

Треба да знаете
Последни објави