Search

(Видео) Медитирање во гроб, нова метода за релаксирање на студентите

Еден универзитет во холандија им понуди на своите студенти невообичаена метода на ублажување на стресот преку „гроб-медитација“.

Универзитетот „Радбауд“ во холандскиот град Нијмеген, по методата на соочување со стресот како што се јогата или дружењето со животни, на студентите им понуди размислување за минливоста на животот во свежо ископани гробови.

На универзитетот сличен проект бил активиран од 2009 до 2011 година. Сега за студентите е подготвена одредена површина замјиште во градина, за сите оние кои сакаат да се опуштат на овој бизарен начин, со лежење во гробови ископани во земја.

Строго се забранети телефони и книги, додека студентите кои имаат проблем со влегување во гробот, можат да медитираат на блиската клупа.
На социјалните мрежи веќе се објавени снимки со практични примери, на кои се гледа дека студентите медитираат на простирки на кои пишува „Останете чудни“.
Организаторите на програмата наведуваат дека студентите можат да ги искористат ископаните гробови за размислување за смртноста, минливоста, природата на животот…

Студентите велат дека програмата е исклучително популарна, па голем број од нив се на листа на чекање. Програма ја започна Џон Хокинг, кој лично копа гробови во земја.

„Крајот на животот и смртноста се табу тема. За смртта е многу тешко да се зборува, посебно кога имате 18, 19, 20 години. Се надевам дека студентите на овој начин ќе успеат подобро да ја разберат смртноста. Мислам дека програмата ќе ги инспирира да бараат смисла на животот и дека рака ќе си зададат цели кои ќе успеат да ги остварат во животот“ рекол Хокинг.

Треба да знаете
Последни објави