Search

(Видео) Мадона топлес зад завеса го промовира концертниот филм

Седумкратната добитничка на „Греми“, Мадона, застана топлес зад црвена завеса за да го најави рок-документарецот „Мадам икс“, чија премиера е на 8 октомври на „Парамаунт плус“.

Фотографијата ја сподели на својот Инстаграм-профил како најава за својот концертен филм.

Рикардо Гомез, личниот видеограф на поп кралицата (63), го режираше филмот за време на нејзиниот настап во Лисабон, Португалија, во рамки на концертната турнеја во периодот 2019-2020 година.

Турнејата Madame X прекина поради пандемијата на коронавирус, а Мадона беше принудена да откаже 14 концерти откако ги повреди коленото и колкот.

Музичката суперsвезда го заврши документарецот во април по седуммесечна продукција, а првпат го прикажа во специјална проекција за 12 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави