Search

(Видео) Колев: Потребна е реформа на изборниот процес и ограничување на пратеничките привилегии

Визијата на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти, е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување, рече на прес-конференција претседателот на партијата, Петар Колев.

„Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално, така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии“, посочи тој.

Колев истакна дека ГДУ ја поздравува секоја искрена иницијатива која може да придонесе во таквиот процес.

Треба да знаете
Последни објави