Search

(Видео) Капсулата на Спејс-Икс се спои со МВС

Вселенското летало „Dragon” на американската компанија „Space-X”, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица, помалку од 19 часа по лансирањето од Флорида.

Тоа е прва американска вселенска капсула што слета на Меѓународната вселенска станица, заедно со членовите на екипажот, од 2011 година.

Ракетата „Falcon- 9″ беше лансирана вчера во 15.22 часот по локално време.

Ова е првпат Американци да бидат лансирани во орбита со помош на комерцијално вселенско летало, што е во сопственост на приватна компанија, која управува со неа, а не НАСА.

Треба да знаете
Последни објави