Search

(Видео) Капијата од тренинг центарот на Бреша затворена за Балотели

Непревидливиот италјански фудбалски напаѓач Марио Балотели ги налути раковдните луѓе во Бреша, а посебно кај првиот човек Челино. Тој јасно стави до знаење дека направил голема грешка што му дал шанса на Балотели да се врати на вистинскиот колосек во неговиот матичен град.

Балотели направи неколку глупости откако се врати во Серија А и уште еднаш го оправда епитетот на контроверзен фудбалер, но фактот што пропушти неколку тренинзи по враќањето во некаква нормала по ковид паузата, ја прели чашата во клупското раководство.

„Газета“ пред два дена пренесе дека Бреша повеќе не смета на Балотели, а најдобар доказ за тоа денешниот потег кога капијата од тренинг центарот на клубот остана затворена за фудбалерот. По неколкуте неоправдани отсуства од тренинзите, Балотели денеска сакаше да влезе во „Торболе“ центарот на кој тренира Бреша, но не му беше дозволен пристап, како што се гледа на видеото.

https://streamable.com/0pmq04

Треба да знаете
Последни објави