Search

(Видео и фото) И проектилот на Роналдо не го спаси Јувентус од елиминација

Лион иако загуби во Торино (2:1)го елиминира италјанскиот фудбалски првак Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите благодарени на голот постигнат во гости, бидејќи на првиот меч како домаќин се радуваше на минимален триумф без примен гол (1:0) – вкупно 2:2.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо постигна два погодоци за „старата дама“ , еден од пенал и еден со прекрасен удара од далечина, но тоа не беше доволно да извади билет за Јувентус на завршницата во својата Португалија.

Стартните десет минути беа мирни и без возбудувања, по што работите се сменија кога за Лион беше досуден пенал откако Бентанкур преостро стартуваше врз Ауар, а судијата Брих по консултација со колегите во ВАР собата покажа на белата точка. Мемфис Депај беше реализатор на најстрогата казна, откако со „паненка“ итро и храбро го матираше Шчезни за 0-1 во 12. минута.

Во финишот од првото полувреме Јувентус израмни. Пјаниќ биеше кон гфолот на гостите, топката го погоди Депај во раката која иако беше прилепена до тело им овозможи на домаќините да израмнат од пенал. Сигурен реализатор во 43 минута беше Роналдо.

Во второто полувреме Јувентуш диктираше темпо, притискаше, а искусниот Роналдо сам се избори за позиција по десната страна од теренот и од преку 25 метри испрати проектил со лева нога, кој заврши во мрежата на Лион за 2-1 во 60. минута, Во последните триесетина минути Јувентус не го најде патот до мрежата и по третпат па мораше да се прости од елитното натпореаврување.

https://streamable.com/woguvn

Треба да знаете
Последни објави