Search

(Видео) Израелци убиле Палестинец, па го влечкале телото со булдожер

Од палестинска територија биле истрелани 20 ракети кон јужниот дел на Израел, само неколку часа откако Израел соопшти дека убил „палестински милитант” кој се обидел да постави бомба долж граничната ограда меѓу Израел и Појасот Газа. Израелците не се ни обиделе со раце да го отстранат неговото тело, туку употребиле булдожер што го разгневи локалното население.

Засега никој не преземал одговорност за истреланите ракети, но западните медиуми објавија дека нивна цел била одмазда за смртта на Палестинецот.

Израелската војска соопшти дека во јужниот дел на Израел се огласиле сирени за воздушна опасност и биле истрелани најмалку 20 ракети. При ракетните напади никој не е повреден, ниту е причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави