Search

(Видео) Емотивно простување на „Ла Бомбоњера“приреди Бока јуниорс од Марадона

На синоќешниот фудбалски натпревар во Аргентина меѓу Бока јуниорс – Њувелс Олд Бојс (2-0), се беше во знакот на Диего Марадина, иуако се играше без навивачи на трибините, на стадионот „Ла Бомбонера“. Трибините беа декорирани со голем број на транспаренти посветени на Марадона, а играчите на Бока носеа ретро дресови на кои пишуваше „Марадона“.

Ќерка  на починатиот фудбалски ас Марадона,  Далма во живо го следеше овој мечот. Бока јуниорс беше омилениот клуб на Марадона. Тој на стадионот „Ла Бомбонера“ имаше посебен бокс од каде често со својата ќерка ги гледаше мечевите. Овој пат таа беше сама, со нејзиниот сопруг.

Во 12. минута Кардона постигна прекрасен гол од слободен удар, тој и останатите играчи на Бока јуниорс отидоа пред боксот на Марадона да го прослават голот, неговата ќерка тој момент го доживеа со многу емоции, не можеше да ги сокрие солзите, почна да плаче.

Треба да знаете
Последни објави