Search

(Видео) Дутерте повреден во незгода со мотоцикл

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се здобил со полесни повреди откако загубил рамнотежа и паднал додека возел мотоцикл, пренесува „Раплер“.

Несреќата се случила во комплексот на претседателската резиденција Малакананг во Манила. Портпаролот на претседателот, Салвадор Панело, изјави дека 74-годишниот Дутерте одеднаш изгубил контрола врз мотоциклот и паднал.

„Претседателот посегаше по чевелот кога падна од мотоциклот, што резултираше со мала повреда, лесни модринки и полесни гребаници на лактот и коленото“, се вели во изјавата на Панело.

Подоцна беше споделено видео на кое Дутерте, облечен во формална облека, без кацига или друга заштитна опрема, се вози на мотоцикл. Несреќата не е прикажана во клипот.

Несреќата се случи 10 дена откако Дутерте, најстарата личност избрана за филипински претседател, откри дека боледува од мијастенија гравис, невомускулно автоимуно заболување кое може потенцијално да има сериозни компликации.

Треба да знаете
Последни објави