Search

(ВИДЕО) Драма на Пољуд: „Торцида“сакаше да ги тепа фудбалерите по елиминацијата на Хајдук

Вистинска драма се случуваше на „Пољуд“ на реванш дуелот од квалификациско коло во Лига Европа меѓу Хајдук и малтешката Гзира. Навивачите на домаќините револтирани од елиминацијата на нивниот клуб се обидоа физички да се пресметаат со фудбалерите.

Сплитските „бели“ од гостувањето во Малта имаа победа од 0-2, па се чинеше дека само рутински ќе обезбедат пласман во следната рунда. Но, доживеаја шокантен пораз од 1-3 со гол во 96. минута.

Веднаш по крајот на мечот, разбеснетите домашни навивачи ја пробија оградата и влетаа на терен во обид за физичка пресметка со фудбалерите на Хајдук и раководството на клубот. Полицијата успеа привремено да ја смири ситуацијата, иако хаосот се пренел и надвор од стадионот, на улиците во Сплит.

https://www.facebook.com/sport.index.hr/videos/472899456610745/?t=0

Треба да знаете
Последни објави