Search

(Видео) Драма вечерва на Бит Пазар: Таксист претепан со кундак и железо

Драма вечерва на Бит Пазар: Таксист претепан со кундак и железо

Вистинска драма вечерва се случувала на скопски Бит Пазар каде таксист бил претепан со кундак и железо од засега непознати лица, кои веднаш по нападот избегале, објави ТВ 21.

Таксистот со возило на итна помош е префрлан во скопските клиники.

Од телевизијата јавуваат дека автомобилот на напаѓачите е со гостиварски регистарски таблични и полицијата се обидува да ги фати. Причините за нападот засега не се познати, а повеќе детали се очекуваат подоцна.

 

Треба да знаете
Последни објави