Search

(ВИДЕО) Дончиќ се повреди, Далас загуби

Младиот свовенечки кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ кој од натпрева на натпреавр ги пленува со своите потези сите во најсиланата НБА-лига се повреди по само една и пол минута игра на почетокот од мечот на неговиот Далас против Мајами. Дончиќ незгодно згазна на ногата на еден од противничките играчи и го свитка зглобот по што го напушти теренот.

Според првичните  резултати од направените прегледи талентираниот 20-годишен кошаркар нема скинати лигаменти, но сепак од Далас најавуваат дека Дончиќ нема да игра на следните неколку меча.

Без Дончиќ,  Далас го загуби дуелот со Мајами 118:122 и тоа по продолжение од пет минути.

Неизвесно и со продолжение беше и мечот меѓу Сан Антонио и Феникс. На крајот Спарси победија со 121:119.

На останатите мечеви во НБА-лигата постигнати се следните резултати: Торонто – Бруклин 110:102, Чикаго – ЛА Клиперс 109:106, Мемфис – Вашингтон 128:111, Милвоки – Кливленд 125:108, Денвер – Оклахома 110:102, Хјустон – Деторит 107:115.

Треба да знаете
Последни објави