Search

(Видео) Демонстрантите во Портланд оставиле порака „Убиј го претседателот“ на зградата на полицискиот синдикат

Демонстрантите во Портланд ја вандализираа канцеларијата на локалниот синдикат на полицијата и запалија билборд со кој се изразува поддршка за полицијата во услови на немири во градот во Орегон, кои траат со месеци, пренесува РТ.

Демонстрантите маршираа кон зградата на Полициската асоцијација на Портланд (ППА) во понеделникот вечерта извикувајќи „Нема правда, нема мир“. Зградата, која беше заштитена со штици откако беше нападната во повеќе немири на претходните демонстрации, беше ичкртана со графити. Пораките испишани со спреј на дрвените плочи вклучуваат: „Изгори го ова“, „Полицајците се убијци“ и „Убиј го претседателот“.

Тогаш толпата го сврте вниманието кон блискиот билборд кој изразува поддршка за локалната полиција. Демонстрантите  го испрскале билбордот со боја пред да го запалат. Билбордот, на кој пишуваше: „Разбуди се Америка! Ти благодарам, полициското биро во Портланд“, беше платен од локалниот медиум „ПТ њуз“.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и ги предупредила демонстрантите да не палат оган и да стојат настрана од улицата, заканувајќи им се со апсење.

На почетокот на овој месец демонстрантите соборија статуи на Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн како дел од протестот за Денот на бесот на домородните луѓе. Тие ги искршија и прозорците на локалните бизниси. Полицијата го прогласи собирот за незаконски и изврши неколку апсења.

https://twitter.com/KittyLists/status/1318436226920140800

Портланд го тресеа повеќемесечни речиси континуирани ноќни протести од кои многу преминаа во насилство и вандализам. Бројни бизниси, владини канцеларии и градски знаменитости беа нападнати по смртта на Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис во мај.

Треба да знаете
Последни објави