Search

(Видео) Во Тетово започна анти-ДУИ револуција

„ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“, „Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“. Ова се дел од графитите кои со боја беа испишани изминатата ноќ на повеќе локации во Тетово.

Пораките се против лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери.

Меѓу повеќето пораки во кои Ахмети и Џафери се поврзуваат со УДБА најчеста е таа со која се повикува на заминување на лидерот на ДУИ: Али оди си или “Ali ik”.

Ниту локалните власти ниту Владата во Скопје не објавуваат информации за појавата која меѓу Тетовци се нарекува револуција против ДУИ.

Таканаречената револуција започнува по објавата на “бомби” од Ел Чека.

Треба да знаете
Последни објави