Search

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од час и половина падна повеќе дожд од просекот за месец – 60 литри на метар квадратен, па многу улици во пониските делови на градот беа поплавени, па дури и дел од автопатот Белград-Загреб во Нов Белград.

https://www.facebook.com/savskinasip/videos/319676425646801/?t=0

Некои делови од градот се под вода, многу градинките се затворени откако беа поплавени, а трамваите не одат во Нов Белград.

https://www.facebook.com/savskinasip/videos/683846225390118/?t=0

Од поплавените објекти во Србија се спасени 12 лица, а на територијата на Чачак прогласена е вонредна состојба. Во селата во близина на Горњи Милановац град предизвика штета во овоштарниците и градините, скрши пластеници и покриви.

https://www.facebook.com/savskinasip/videos/467622467306304/?t=0

Во јужниот дел на Банат падна град со големина на тениски топчиња, а на социјалните мрежи се појавија голем број на снимки од многу делови на Србија каде парчиња мраз можат да се споредат со јајца или ореви.

Треба да знаете
Последни објави