Search

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека определување мерка притвор за Јанакиески и Божиновски по повеќе од една година е политички мотивиран случај

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека определување мерка притвор за Јанакиески и Божиновски по повеќе од една година е политички мотивиран случај

Определување мерка притвор по цела година и половина за луѓе кои што со ништо не ги прекршиле претходните мерки е чисто политички мотивиран случај, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски вели дека при одлучувањето за притворот на Миле Јанакиески и на Кирил Божиновски, судиите во Апелацискиот суд мора да се водат од фактите, наспроти, како што додаде изречената мерка како одговор на потребата на хунтата за прикривање на неспособноста и на политичкиот терор против неистомислениците.

„Прво, периодот на првите изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец. Се работи за цели 18 месеци, година ипол, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта. Редовно се достапни на органите на прогонот. Судиите во Апелацискиот суд мора предвид да го имаат одговорот, кој што го испуштија и нарачателите, и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги испочитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој што тие двајца не се јавиле на суд? Второ, притворот сега се воведе врз наводна службена белешка од УБК со назнака Строго Доверливо! Едно е што се цитира документ кој што не е декласифициран туку и не се проверува веродостојноста на содржината откако следеше остра реакција и од Претседателот на државата и од обвинетите. Ниту едниот ниту другиот немале намера да бегаат или воопшто да ги прекршат определените мерки за претпазливост“, изјави Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави