Search

(Видео) Виртуелна јахта во метаверзумот продадена за 650,000 долари

Некој минатата недела платил приближно 650,000 долари за мегајахта што постои само во метаверзумот, пишува Futurism.

Продажбата ја извршија метаверзумот и девелоперот на НФТ-токени Republic Realm за метаверзум-платформата „Сендбокс“.

Јахтата наречена The Metaflower Super Mega Yacht се продаде за 149 ETH, што ја прави најскапото НФТ-средство на платформата.

Дигитални спецификации – јахтата може да се опише како коцкаст дизајн на „Мајнкрафт“. Има четири ката со голема дневна соби, џакузи када, подиум за танцување, кабина за диџеи и два хелиодроми (непостоечки хеликоптери се продаваат посебно).

Јахтата е дел од линијата на луксузни понуди на Republic Realmove The Fantasy Collection развиена за платформата „Сендбокс“, која вклучува глисери и приватни острови заедно со марини, и клубови на плажа.

Како што пишува Futurism, иако е апсурдно да се фрлаат толку многу пари на јахта во која никогаш не можете физички да уживате, има некои предности. Бидејќи сè е дигитално, нема трошоци за одржување на јахтата. Плус, ако имате доволно пари да потрошите повеќе од половина милион на NFT, тоа е веројатно прилично незначителна сума за вас во секој случај.

Единствениот предизвик е всушност да најдете пријатели кои ќе ви се придружат на вашата измислена јахта.

„НФТ“ е незаменлив токен (Non-fungible Token). „Незаменлив“ повеќе или помалку значи дека е единствен и не може да се замени со нешто друго. На пример, биткоинот е заменлив – aко замените еден биткоин со друг ќе го имате истото.

Треба да знаете
Последни објави