Search

(Видео) Вилијам и Кејт, Камила и Чарлс ќе присуствуваат на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд

Кејт, војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам ќе им се придружат на принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, во редок заеднички ангажман полн со филмски ѕвезди.

Четворицата членови на кралското семејство следната недела ќе продефилираат на црвениот тепих во Ројал Алберт Хол и ќе присуствуваат на светската премиера на No Time To Die („Не е време за умирање“), новиот филм во серијалот за најпознатиот таен агент 007.

Најновиот и долгоочекуван филм  ќе дебитира во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември.

На премиерата, кралското семејство ќе се сретнат со режисерот Кери Џоџи Фукунага и актерската екипа, вклучувајќи ги Даниел Крег, Рами Малек, Леа Сејду и Лашана Линч.

Исто така, ќе бидат пречекани од сценаристите Нил Пурвис, Роберт Вејд, Фиби Волер Бриџ и изведувачите Били Ајлиш и Финиес О’Конел.

Кралското присуство на премиерата на 25. филм за Бонд, а последен во кој Крег ја има улогата на тајниот агент 007, се вклопува во добротворната работа на кралското семејство.

Британската, воедно и светската премиера, всушност ќе биде од корист за добротворни организации кои ги поддржуваат поранешните и сегашните припадници на МИ5, МИ6, ГХХК и специјалните сили на Велика Британија.

Здравствените работници и припадниците на вооружените сили, исто така, се поканети да присуствуваат на ѕвездениот настан.

Кејт, принцот Вилијам и принцот Хари на премиерата на Spectre во 2015 година

Треба да знаете
Последни објави