Search

(Видео) Бројот на загинати во тајфунот Лекима порасна на 44

Бројот на загинати во тајфунот Лекима во источна Кина се искачи на 44 години, додека штетите се проценуваат на милијарди долари. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, а повеќе од милион луѓе беа евакуирани, пренесува Ројтерс.

Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција со налети на ветер до 187 километри на час, предизвика прекин на сообраќајот, застој на железницата и откажување на илјадници летови.

Како последица на тајфунот, уништени се 173.000 хектари култури и 34.000 домаќинства во покраината, соопштија локалните власти. Штетата од тајфунот се проценува на 2 милијарди долари.

Лекима е деветти тајфун во Кина оваа година, кој се движи кон север и се очекува да предзвика проблеми во близина на брегот во Шандонг.

Треба да знаете
Последни објави