Search

(Видео) Британски криминалец демолира затвор и тепа полицајци

Надзорните камери во британскиот затвор „Фул Сатон“, во провинцијата Јоркшир, снимиле насилни немири на затворениците. Оваа побуна се случи во август минатата година, а сега во јавноста се појавија снимки од неа бидејќи во тек е судењето на еден од водачите на бунтот.

Побуната траела осум часа, а полициските службеници во таа пригода употребиле пиротехника за да го спречат дивеењето на затворениците.

Во бунтот учествувал и 38-годишниот Џон Онјенајчи, кој во тоа време бил осуден за обид за убиство на двајца полицајци во 2010 година во Лондон.

Онјенајчи, кого полицијата во една пригода го опиша како еден од најопасните британски криминалци, направил штета од повеќе од 15.000 фунти демолирајќи ја затворската опрема.

На видеото се гледа како овој криминалец неколкупати удира затворски стражари зад грб. Во тој момент еден од полицајците заклучува врата во затворот. Потоа и други затвореници ги нападнаа полицајците.

Треба да знаете
Последни објави