Search

(Видео) Бред Пит ги изненади дипломците на универзитетот во Мисури со видео-порака

Бред Пит испрати специјална видео-порака за дипломираните студенти на Државниот универзитет во Мисури, лоциран во неговиот роден град Спринфилд.

56-годишниот актер им се обрати генерацијата дипломци 2020 во видео објавено на страниците на социјални мрежи на колеџот во понеделникот.

“Имаме уште едно изненадување за нашите #BearGrads: Посебна порака од човек од Спрингфилд. Благодариме, Бред,“ стои во насловот приложен со клипот.

Оскаровецот, роден во Спрингфилд, Мисури, пораката ја снимил во својот дом на мобилен телефон.

„Бред овде од карантин,“ ја започна својата порака оскаровецот „Мора да е многу чудно да го правите ова во тешки времиња. Но знајте, ние навиваме за вас!“

„Вложуваме во вас за да го направите овој свет подобро место за живеење, и ви посакуваме се најдобро во идните деловни потфати.“

Универзитетот ја пушти охрабрувачката порака на Бред како дел од виртуелната церемонија на дипломирање.

Треба да знаете
Последни објави