Search

(Видео) Белград: Луѓето мирно протестираа, ги избркаа маскираните насилници

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По дводневно насилство, третиот ден на протести помина во голема мера мирно.

Српскиот премиер најави нови мерки за Белград, кои вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 10 лица во затворено и на отворено, но овие мерки сè уште не се ставени во сила, па затоа не важеа за синоќешните нови протести.

Меѓу демонстрантите имаше иницијатива, кога ќе започне протестот, граѓаните да седнат за да се направи разлика помеѓу обичните демонстранти и хулиганите. Вучиќ, пак, од авионот со кој леташе за Брисел ги спореди демонстрантите со нацистите и им рече на граѓаните да не се судираат со насилниците затоа што државата ќе го стори тоа.

Во најголем дел, планот на демонстрантите успеа. Значителен број демонстранти во Белград и голем број српски градови каде што се одржуваа протести, седеа во поголемиот дел од времето. Протестите беа мирни, а некои играа оро.

Овој нов имиџ на Белград, што не го видовме во претходните два дена, беше расипан само од група хулигани кои предизвикаа судир со мирните демонстранти растерувајќи ги. Но, група мирни демонстранти успеаја да ги истераат насилниците од просторот пред српскиот парламент, каде што се собраа повеќето од демонстрантите. Имаше и тепачки меѓу насилници и мирни демонстранти. За жал, група хулигани го нападнале и му ја скршиле главата на известувачот на Нова.рс за време на инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави