Search

(Видео) Активисти за климатски промени пробија кордон и упаднаа во рудник во Германија

Стотина активисти за климатски промени пробија полициски кордон и упаднаа во еден од најголемите рудници на лигнит во Германија. Инцидентот се случува два дена откако европските лидери не успеаа да се договорат за планот Унијата до 2050 година да нема емисии на јаглерод диоксид.

https://youtu.be/0uurJnnIRV4

Полицијата им наредила на демонстрантите да го напуштат огромниот рудник во западна Германија, повикувајќи на опасност по животот.

Претходно, во текот на денот, десетина демонстранти успеале привремено да ја блокираат железничката пруга за превоз на јаглен.

Рудникот стана цел на еколошките протести последните години, бидејќи неговиот оператор, комунално претпријатие РВЕ, се закани со голема сеча во блиската шума.

По повеќемесечни протести на студентите и нагло зголемениот рејтинг во анкетите за германската Зелена партија, канцеларката Ангела Меркел, го искористи влијанието да го поддржи предлогот целата економија да биде климатски неутрална до 2050 година, што значи дека ќе нема емисии на јаглерод диоксид во атмосферата.

Треба да знаете
Последни објави