Search

(Видео) Автобус на ЈСП се запали во Ѓорче Петров

Нема повредени патници откако автобус на ЈСП се запалил во возење, пред околу еден час, пред општинската зграда во скопската населба Ѓорче Петров.

Автобусот со број 5 сообраќал од населбата Ѓорче Петров кон Ново Лисиче. Пожарот е пријавен во 9.25 часот во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, која интервенирала со две возила и шест пожарникари.

Од ЈСП информираат дека возачот на автобусот за време на возењето забележал чад од горниот дел на возилото по што застанал и со ПП апарати интервенирал. Во меѓувреме забележал и искрење по што повикал екипа на Противпожарната бригада.

Двете противпожарни возила навреме пристигнале на местото и го изгаснале огнот.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје е излезена на терен и се утврдуваат причините за пожарот.

Во моментов, на терен се врши увид и од екипа на МВР.

Сообраќјот на улицата Ѓорче Петров во овој момент се одвива отежнато.

Фото: Пандорче Димитровска

 

Треба да знаете
Последни објави