Search

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од населено место за да спречи поголема катастрофа, пред тој да почине.

Несреќата се случува во Тајланд, кога на пилотот му откажува моторот. Тој се обидува повторно да го запали, но не успева па испраќа повик за помош и се подготвува за слетување.

Пилотот на тајландското воздухопловство го насочил авионот кон густата шума, за да падне подалеку од градот над кој прелетувал и прометниот автопат.

Сепак, тој трагично починал во несреќата. Во авионот имало и помлад пилот кој се обучувал за летање и успеал да ја преживее трагедијата.

https://youtu.be/1lap0RN0EDo

Треба да знаете
Последни објави