Search

(Видео)„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ и сондата „Кру драгон”. Тимот на НАСА им посака на астронаутите успешна мисија во вселената, а тие се заблагодарија на можноста да учествуваат во оваа 19 часовна мисија.

Тест пилотите на НАСА, Даг Харли и Бен Бенкен летаат кон Меѓународната вселенска станица, во првото лансирање на човек во вселената од територија на САД по речиси од една деценија.

 

-Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен напор. Ќе зборуваме повторно од вселената, изјави Харли непосредно пред лансирањето, прво од американска почва од 2011 година.

Петнаесет минути од полетувањето, капсулата се оддели од ракетата и тргна кон Станицата. Се очекува летот да трае 19 часови. Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.

Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.

Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го прати својот последен шатл, „Атлантис”.

Треба да знаете
Последни објави