Search

(ВИДЕО):Мицкоски му порача на Заев: Ќе ве поразиме на избори

Ќе ве поразиме жестоко на следните избори и ќе ви покажеме каде заслужувате да бидете- порача Христијан Мицковски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на протестот пред Владата.

Тој најави дека партијата започнува со активности ширум Македонија.

Едно големо ,,Уаа” за Зоран Заев. Припадниците на МВР ја чуваат Македонија од тој натрапник внатре кој некаде се крие. Денеска почнуваме и одиме ширум Македонија за викенд. Секоја среда ќе сме пред Владата да го изразиме нашиот револт. Тој ќе биде изразен поинаку, со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме. Ветија ќе ја тргнат оградата, а не ја тргнаа. Што е, се плашите од народот?”, рече Мицкоски.

Тој пред насобраните партиски членови и поддржувачи рече дека среќава многу луѓе кои што ги критикуваат и им велат : каде сте, ве нема, зошто не излеговте?

,,Еве не излеговме и за националното понижување, но излеговме и за сите економски порази затоа што сме понесреќни, затоа што Македонија ни е посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа неспособна и криминална власт. Зошто ни е на нас времето?

Тој додаде дека црнила и темнина надвладеаја над земјава.

,,Колку сме толку сме и ќе им покажеме дека по овие црнила доаѓа зората, а таа носи надеж за подобро утре, за подобра иднина на нашите граѓани”, додаде лидерот на опозициската партија.

Тој очекува граѓаните да им се придружат на протестите ширум земјава.

,,Чувствувам, вели Мицкоски,  дека на овој наш пат кој нема да биде лесен и едноставен ќе го изодиме заедно се до крајната цел предвремени или редовни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува победа”.

Треба да знаете
Последни објави