Search

Вељко и Богдана Ражнатовиќ започнуваат свој бизнис во Тител: Синот и снаат на Цеца отвораат свињарник!

Покрај боксот, Вељко Ражнатовиќ ќе се обиде и  во земјоделието. Наследникот на Цеца Ражнатовиќ и покојниот Аркан, започнува свој бизнис – одгледува свињи на имотот во Тител, од каде е и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ, која ќе игра значајна улога во овој бизнис.


Иако е успешен во спортот, Ражнатовиќ не сака тоа да биде негово единствено занимање. Во исто време, тој е свесен за состојбата во целиот свет, а особено дека спортот речиси запрел поради пандемијата на коронавирусот и дека сè е неизвесно. Освен тоа, иако и двајцата се од имотни семејства, ниту Вељко ниту Богдана не сакаат да зависат од нивните родители и да ги трошат нивните пари, туку да бидат самостојни. Затоа, тој ги зеде работите во свои раце и откако се консултираше со своите најблиски, одлучи да започне приватен бизнис.


Вељко е многу сериозен во својата намера и веќе започна со истражување, читање стручна литература за сточарство и свињарство, прегледување на потребната опрема, консултации со експерти и во блиска иднина ќе започне со работа на семејната фарма. Тој е свесен дека мора да вложи многу пари во опрема, но она што за него е олеснителна околност е што тој има одлична локација за тоа. Вељко го видел потенцијалот на величествениот имот во Тител, кој го добил како мираз од родителите на Богдана, па решил да го искористи на вистински начин…

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави