Search

„Вечерва мораш да умреш“ и рекол на сопругата па ја пробол со нож

Основното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинение против скопјанец за  кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 2 т.2 во врска со чл.19 (во обид) од Кривичниот законик.

 

Станува збор за Б.А.(64) кој во септември на илица Виничка ја нападнал својата невенчана сопруга П.В.(52), со која живееле во куќата.

Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора и се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож и нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот, велат од ОЈО.

Ценејќи дека се уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка.

Треба да знаете
Последни објави